Општини од Вардарски плаќаа пари за каснувања од кучиња скитници, ќе го реши ли проблемот новиот регионален центар за нивно згрижување

Општините од Вардарски регион плаќаат пари за каснувања од кучиња скитници,  ќе го реши ли проблемот новоизградениот регионален центар за нивно згрижување, велат денеска жители од деветте општини, по информацијата дека е готов регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство, со хуман третман на животните, со директно влијание врз здравјето и безбедноста на луѓето. 

Проектот опфаќа и набавка на опрема и возило во рамки на стационарот, изработка и развој на веб сајт со дефинираните модули „Пријави бездомни животни и локација” и „Вдоми милениче!”, систем за следење и регистрација на бездомни животни, активности за ветеринарен третман на бездомните животни, како и маркетинг активности за подигнување на свесноста за вдомување на третирани бездомни животни. 

Локацијата на објектот е во кавадаречката населба Глишиќ на површина од 5.470 квадратни метри. Целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14. 892.319 денари. Дел од средствата во висина од 5.119.385 денари се обезбедени од Швајцарската амбасада, а другиот дел од средствата во висина од 9.772.933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа. 

Табла со податоци за проектот
Посета на центарот

Деветте општини во Вардарскиот плански регион усвоија модел за управување и организациона поставеност на прифатилиштата на регионално ниво, преку кој секоја општина обезбеди дополнителни средства за оперативни трошоци за работење на центарот.

Сево ова, меѓу другото, беше кажано на денешната посета на центарот, од страна на градоначалници од регионот и министерот за локална самоуправа. Сите изразија задоволство од проектот и рекоа дека ваквата соработка помеѓу општините треба да ја следат и други региони. 

С.Д. 

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE