Ученици во Неготино продаваа реупотребен текстил, со парите ќе се купат дрвца

„Имаш стара облека којашто веќе не ти е потребна?  – Ајде, биди хуман и грижи се за природата!“

Ова беше апелот го младите неготинчани, кои денеска излегоа на градскиот плоштад и продаваа реупотребен текстил. Со парите од продажбата, ќе бидат купени и посадени дрвца.

Голем број на млади беа дел од собирната акција на стара облека и текстилниот базар. Дел од старата облека ќе биде донирана на семејства што имаат потреба од неа, а дел селектирана и реупотребена. Имаше и таканаречена „second hand“  продажба, па дел од присутните на настанот си купија стари парчиња што ќе ги реупотребуваат.

Беа поставени специјални контејнери, каде што сите граѓани можеа да донираат облека и текстил. Во рамки на настанот, учениците ги претставија своите креации од реупотребен текстил на посебно уредени штандови обезбедени од Општина Неготино.

„Средствата од продажбата ќе бидат наменети за набавка на садници – затоа што веруваме дека секоја промена почнува со мала, но значајна акција“, рекоа организаторите на настанот, Центар за климатски промени, во соработка со здружение за млади Креактив и Општина Неготино, во рамки на проект финансиран од Швајцарија.

Притоа беше истакнато дека е ова заеднички чекор кон почиста и позелена иднина.

Овој настан е резултат на низа едукативни работилници за правилно постапување со отпаден текстил, спроведени во основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур. Учениците од основните училишта со поддршка од своите наставници изработуваа креативни производи од отпадна облека, што беа изложени и понудени за продажба на штандови поставени на плоштадот.

Р.Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE