Помор на риби во реката Тополка

Претставник на Секторот за внатрешни работи од Велес денеска изјави дека во реката Тополка бил регистриран помор на риби.

Според соопштението вчера во 13.00 часот од Здружението на спортски риболовци Бабуна, кое е концесионер на рибниот фонд на река Тополка, било пријавено дека инцидентот се одразил на различни видови риба.

На површината на реката најпрво се појавила пенлива материја по што било забележано дека дел од живиот свет во реката угинал.

Според Министерството за внатрешни работи, за настанот бил известен соодветниот јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Велес и надлежниот инспектор за животна средина. На местото увид е направен и од Агенцијата за храна и вода и Институтот за храна и ветеринарство и.

Според насоките на јавниот обвинител, примероци од риба и вода се предадени на Институт за храна и ветеринарство.

Р.Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE