Општина Свети Николе одлучи да поддржи дел од активностите на НВО секторот за наредната година

Општина Свети Николе ќе финансира локални граѓански организации за активности кои треба да се спроведат во текот на 2025 година. За таа цел од општинскиот буџет ќе се издвојат 1.150.000 денари. Ќе се финансираат активности на 19 граѓански организации.

Најмногу средства – по 300 илјади денари – ќе добијат Мото клуб Свети Николе за организирање на фестивалот Мото-фест и Доброволното противпожарно друштво од овој град за активности за побезбедно Свети Николе.

Идната година, 200 илјади денари ќе добие Организацијата на жени на Општина Свети Николе за активноста „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојката 2025“. Следни што ќе добијат повеќе средства се Извидничкиот одред „Гоце Делчев“ Свети Николе со 150 илјади денари, додека 100 илјади денари треба да добијат и Градското мандолинско друштво „Свети Никола. Со 70 илјади денари ќе се финансират активностите на кинолошкото друштво Балканец 03, со 60 илјади Ловното друштво „Еребица“, додека со помалку средства ќе се финансираат ОО на Црвен Крст Свети Николе, повеќе култирни активности, здруженија на пензионери, инвалиди, на борци и други.

Целта на финансирањето е создавање на услови за реализација на активностите на граѓаните и здруженијата на граѓани, унапредување на соработката помеѓу Општината и граѓанскиот сектор со стимулирање на нивната работа, а со тоа и поодршка на проекти кои ќе ги задоволат потребите на поголеми целни групи на граѓани.

Распределбата на средствата се одвиваше прво со објавување на јавен повик на кој граѓанските организации аплицираа за финансирање на нивните активности, планови и проекти, а потоа апликациите ги разгледувше општинска комисија на кои изврши бодување и рангирање.

Оваа финансирање е во согласност со Програмата за активностите на Општина Свети Николе за поддршка на НВО секторот во 2025 година, која на вчерашната седница ја усвоија советниците од Советот на Општина Свети Николе.

Р.П.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE