Во изминатиот период од територијата на Општина Велес, стационарот од Кавадарци Шепа успешно залови и третираше 28 кучиња.
Од нив четири се вдомени, а останатите, по третирањето и согласно законските одредби, се вратени на локацијата. Сите кучиња кои се достапни за вдомување се објавени на страната на регионалниот стационар Шепа.
Со отворањето на регионалниот стационар треба да се реши долгогодишниот проблем на граѓаните на Велес со обезбеден и хуман третман на уличните кучиња.
О.К.