Search
Close this search box.

Зa Нас

lokal aktiv vardar logo

Локал Актив Вардар е онлајн медиум на локалните заедници од Вардарскиот регион во РСМ, вклучително и на ранливите групи граѓани и граѓанските организации кои работат со нив.

Локал Актив Вардар е основан во рамки на проектот „Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење“, поддржан од Националниот фонд за демократија (National Endowment for Democracy) од САД. Реализацијата на овој проект и формирањето на Локал Актив произлезе од идејата дека непрофитните медиуми на заедницата се од клучно значење за остварувањето на комуникациските права на локалните заедници, а особено на ранливите и маргинализираните групи граѓани.

Локал Актив Вардар се надоврзува на активностите на Институтот РЕСИС за унапредување на комуникациските права на граѓаните на локално ниво, преку формирањето на Мрежата од совети на публики во која членуваат повеќе од 60 граѓански организации кои ги застапуваат правата на ранливите групи граѓани низ сите осум региони во РСМ.

Локал Актив Вардар е алтернативен медиум, независен од државата и огласувачите, чија мисија е да им овозможи на припадниците на локалните заедници пристап до медиумите и учество во создавањето медиумски содржини кои се поинакви од оние во главните медиуми, ставаат акцент врз себепретставувањето и придонесуваат за различноста на гледишта во јавната сфера.

Визијата на Локал Актив Вардар е на припадниците на локалните заедници, а особено на ранливите и маргинализирани групи граѓани од Вардарскиот регион:

Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE