Публикации и анализи
Комуникациски навики, ставови и потреби на лицата со оштетен слух
Пристапот до паметни комуникациски уреди на домаќинствата во кои живеат лицата со оштетен слух од Источниот и Југоисточниот регион на РСМ е релативно мал: паметни телефони имаат 61%, персонални компјутери 48,8%, а паметни телевизори имаат само 40,2% од домаќинствата. Проблеми при користењето на технологиите за овие лица се: недостатокот на вештини за работа на компјутер (56,1%), за пребарување содржини на интернет (53,6%), како и за користење паметен телефон (47,5%). Голем проблем за нив е и тоа што немаат пристап до асистивна технологија (автоматски генерирани титли) за читање видеа на интернет (59,7%), како и отсуството на знаковен јазик или титли на програмите на домашните ТВ канали (51,2%).
Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со оштетен слух, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера. Резултатите од ова истражување ќе послужат како поттик за различни активности на граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на ранливите групи граѓани на локално ниво. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – LocalActiveMedia поддржан од Националната фондација за демократија од САД.
Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со оштетен вид, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера.
Комуникациски навики, ставови и потреби на лицата со оштетен вид
Пристапот до комуникациски технологии и уреди не е голема пречка за остварување на комуникациските права на лицата со оштетен вид од Источниот и Југоисточниот регион на РСМ: 65,2% од домаќинствата имаат паметни телефони, 64% имаат паметни телевизори, 60,7% имаат персонални компјутери. Но, она што на најголем дел од оваа ранлива група граѓани им недостасува се: знаења и вештини за работа со компјутер (77,5%), за пребарување содржини на интернет (59,5%), како и за користење паметен телефон (58,4%). Оттаму, разбирлив е податокот дека само една петина од анкетираните лица секојдневно користи компјутер за различни потреби. Ова особено се однесува на повозрасните испитаници кои често немаат на кого да се обратат за помош во домаќинството.
Ова е кусо резиме од истражувањето на комуникациските ставови, навики и потреби на различни ранливи групи од Источниот и Југоисточниот регион. Истражувањето дава увид во секојдневните навики на користење на медиумите и комуникациските технологии на лицата со оштетен вид, но исто така и сознанија за пречките и проблемите со кои тие се соочуваат во пристапот до медиумите и јавната сфера. Резултатите од ова истражување ќе послужат како поттик за различни активности на граѓанските организации кои работат на унапредување на правата на ранливите групи граѓани на локално ниво. Истражувањето е спроведено во рамки на проектот Поттикнување на граѓанскиот ангажман во локалното владеење – LocalActiveMedia поддржан од Националната фондација за демократија од САД.
Студијата произлезе од потребата да се изгради автентичен и одржлив модел на онлајн медиум на заедницата во РСМ што ќе ги задоволува комуникациските потреби на сите групи граѓани на локално ниво.
МЕДИУМИ НА ЗАЕДНИЦАТА: Концепти, развој и искуства - КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА
Медиумите на заедницата се феномен – самоник, произлезен директно од потребата на различни групи во општеството да најдат начин како да го задоволат оној дел од своите медиумски потреби што не го наоѓаат во главните (мејнстрим) медиуми.
Студијата произлезе од потребата да се изгради автентичен и одржлив модел на онлајн медиум на заедницата во РСМ што ќе ги задоволува комуникациските потреби на сите групи граѓани на локално ниво.
Компаративната студија ги претставува различните теоретски пристапи, стандардите на Советот на Европа за овој вид медиуми, како и искуствата од други земји во создавањето непрофитни медиуми што им служат на локални групи и заедници.