Search
Close this search box.
ИНСТИТУТ РЕСИС

Институтот РЕСИС е непрофитна истражувачка организација чија примарна мисија е да го унапредува знаењето за проблемите на општествената промена и тоа знаење да го стави во практична функција.
Со проектот LocalActiveMedia, РЕСИС продолжува да работи на својата стратегиска цел унапредување на комуникациските права на ранливите групи граѓани и зајакнување на капацитетите на локалните граѓански организации за систематско, аргументирано и координирано влијание врз политиките во јавната сфера.

sppmd-transparent
Совет за превентива против малолетничка деликвенција

Невладина организација во која на доброволна основа членуваат граѓани од Р.М. заради воспоставување на систем за правда за децата, превенција од детско престапништво и систем за благостсојба на децата.

cropped-eko-zivot-logo1-1
Еко-Живот

Основано во 2010 година со цел заштита и унапредување на животната средина, подигнување на еколошката свест и вклученост на граѓаните, особено младите луѓе, спроведување на еколошки акции и проекти.

Здружение за родова еднаквост Визија Кавадарци

Во 2022 година Националната мрежа против насилство врз жените и Здружението за родова еднаквост ,,Визија’’ Кавадарци го отворија советувалиштниот центар за помош и поддршка на жртви на родово базирано и семејно насилство.

Центар за регионален развој - Неготино

Граѓанска, непрофитна организација која работи на стимулација и поддршка на регионален одржлив развој на Тиквешкиот регион во согласност со ЕУ интегративниот процес на РМ преку имплементација на програми за промоција и јакнење на граѓанскиот сектор во партнерство со деловниот сектор и единиците на Локалните Сампоуправи во регионот.

И Јас Сум

Граѓанска иницијатива за подобрување на локалната заедница и поттикнување на граѓанскиот активизам. Преку акции за светот во нас и околу нас до зголемена еколошка свест, хумано срце и просветлен ум.

logo_wom_violet-4x-e1607768031533
Организација на жените на општина Свети Николе

Здружение на граѓани формирано врз основа на слободно здружување на граѓаните за остварување на нивните интереси и превземање на активности за подобрување на целокупната состојба пред се на жените во општеството, но и на децата и младите.

Организација на жени - Општина Велес

Организација која ги обединува сите жени, без оглед на нивниот статус и етничка припадност. Организацијата има долгогодишно искуство во идентификација на сиромашните и ранливи групи, на кои се обидува да им овозможи заштита и поддршка.

Еколошко друштво "Вила Зора"

Здружение за заштита на животната средина и природата, врз основа на принципите на одржливиот развој.

Ековита - Неготино

Здружение за заштита и одржливо искористување на животната средина.

DEM_logo2-1-295x300
Движење на екологисти - Велес

Движењето на Екологистите од Велес се една од 23 локални еколошки невладини организации, дел од ДЕМ - Движење на Екологистите на Македонија.

Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE