Повремено без вода, а постојано со слаб напон на струја живеат неколку десетици семејства во населбата „Света Недела“ во Штип, кои се обратија до Општината Штип и побараа помош. Поради комплексноста на проблемот, градоначалникот Иван Јорданов го свика Локалниот совет за превенција, со намера мултисекторски да се разгледаат граѓанските проблеми и да им се помогне.
Граѓаните пред присутните членови сведочеа за серија поврзани проблеми, за кои сами не успеале да најдат решение. Како што објаснија, поради падот на напонот, фрижидерите, машините за перење и телевизорите постојано им се расипуваат, а штетата паѓа на домашниот буџет. Имаат слаб притисок на водата, поради што вторите катови на куќите воопшто немаат вода.
Од ЕВН пред три години направиле мапирање на дивоградбите и тие кои на диво се снабдуваат со струја. Се планира ново мапирање, бидејќи населбата со дивоградби, постојано расте.
На ова место Општината Штип со години најавува изградба на домови за ромските семјества, за што се обезбедени средства од фондовите на Европската унија, за што ЛокалАктив веќе пишуваше.
Но, врв на овој субстандарден начин на живот, како што го нарекуваат самите жители, се испопаѓаните електрични кабли кои кои го попречуваат движењето на возилата по централната улица во населбата. Овие кабли се диво поставени и водат до дивоградбите, што им предизвикува проблеми на жителите на оваа населба. Поради овие кабли, изминатото лето пожарното возило не успеало да помине и да го изгаси пожарот што пламнал во околната борова шума. Како што рекоа самите граѓани, во прашање е безбедноста на луѓето од целата населба со дивоградби што секој нов ден е сé поголема.
„Бараме екипите на ЕВН да дојдат на терен и барем да ги подигнат овие кабли, за да можеме нормално да се движиме со возилата. Од каблите не може да поминат
камионите кои носат огревни дрва. Еден пожар да треба да се гаси, нема да може да пристапи пожарното возило“, кажа еден од жителите на населбата.
„Каблите се дивопоставени и не се наша надлежност. Ако се подигнат тоа значи дека ги легализираме“, им одговори раководителот на ЕВН во Штип, Димитар Наумов.
Проценката на раководителот на ЕВН е дека има над 300 дивоградби и сите се бесправно приклучени на системот за снабдување со струја. Жителите на населбата рекоа дека знаат луѓе кои се „специјализирале“ во влечење кабли на диво и кои дури имаат тарифа за секое приклучување. Наумов дообјасни дека кога екипите на ЕВН ќе ги пресечат каблите, веќе следниот ден дивоградбите добиваат нов приклучок.
„Проблемот е присутен со години, се краде струјата, а кога се краде и не се плаќа се троши во изобилство и тоа се евидентира како загуба. Излегуваме на терен и поднесуваме пријави до Обвинителството, но потоа се утврдува дека лицето кое го има приклучокот е или во странство или е покојно“, објасни Наумов.
Од ЕВН пред три години направиле мапирање на дивоградбите и тие кои на диво се снабдуваат со струја. Се планира ново мапирање, бидејќи населбата со дивоградби, постојано расте.
На ова место Општината Штип со години најавува изградба на домови за ромските семјества, за што се обезбедени средства од фондовите на Европската унија, за што ЛокалАктив веќе пишуваше. Граѓаните со помош на граѓанскиот сектор преку бесплатна правна помош ќе побараат обесштетување за расипаните домашни апарати поради нискиот напон. Во ова своја помош и посредување пониди и општината, која најави мултисекторско делување за наталожените граѓански проблеми.
В.К.