Започна следењето на видео надзорот кој се постави на спортските комплекси во ООУ Васил Главинов и СОУ Гимназија Кочо Рацин, во Велес.
Опремата за надзор на новоизградените и на рехабилитираните спортски терени во Велес ја инсталираше телекомуникацискиот оператор А1 која достави најдобра понуда на јавниот повик на Општина Велес. Опремата е инсталирана на четири локации во градот, каде што има спортски терени за кошарка, мал фудбал и ракомет.
„Со оваа инвестиција ќе ја заштитиме урбаната опрема во градот“ – соопштија од Општина Велес.
Реализацијата на проектот траеше два месеци, додека финансиските средства кои беа издвоени за оваа намена беа во висина од еден милион денари.
О.К.