Демир Капија ќе реализира неколку инфраструктурни проекти со државна помош

Општина Демир Капија, која е дел од Вардарскиот плански регион, ќе реализира неколку капитални проекти со пари кои ќе ги добие преку вториот владин повик за финансирање на инфраструктурни проекти во општините. Тие ќе овозможат подобрување на условите за живот на граѓаните, како и понатамошен развој на општината. Неодамна градоначалникот на Општина Демир Капија, Лазар Петров во Владата ги потпиша договорите за реализација на истите.

„Со средства во износ од 31.358.542,00 денари, во Општина Демир Капија ќе се финансираат неколку проекти. Општината во реализација на дел од проектите ќе има сопствено учество во износ од 4.264.744,00 денари. Со овие проекти продолжуваме со развојот на Општина Демир Капија, бидејќи нашите граѓани заслужуваат модерна и инфраструктурно развиена општина“, вели градоначалникот Лазар Петров.

Во план е да се реализираат следните проекти:

-Изградба на електрични инсталации за улично осветлување во Oпштина Демир Капија, во висина ид 7.907.975,00 денари,

-Доградба на кујна и ресторан за исхрана во склоп на ОУ Димче Анѓелов Габерот IV фаза – 5.469.908,00 денари,

-Изградба на атмосферска канализација на ул.Маршал Тито во Демир Капија – 4.906.241,00 денари,

-Реконструкција на фудбалско игралиште II фаза – 9.702.426,00 денари,

-Уредување на спортски терени – Д 3.1 Отворено игралиште за тенис во Демир Капија – 3.371.992,00 денари.

Претходно, Општина Демир Капија склучи договор со Министерство за локална самоуправа за реализација на проект за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година за набавка на механизација за подобрување на комуналните услуги во општината во висина од 2.000.000,00 денари.

М. Т.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE