Во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: трансформирање на општествените барања во општествена акција“, Институтот РЕСИС продолжува со поддршката на онлајн медиумите на заедницата Локал Актив Исток и Локал Актив Вардар, кои се фокусираат на теми и прашања релевантни за граѓаните од Источниот, Југоисточниот и Вардарскиот регион.
Целта на иницијативата Локал Актив, како и на самиот проект е: (1) да се зајакне капацитетот на новите медиуми на заедницата во Северна Македонија за нивно ангажирање во аналитичко и истражувачко новинарство на заедницата во промоција на човековите права, животната средина и социјалната правда, (2) да се консолидира моќта на медиумите на заедницата во поддршката на активистите на локалните граѓански организации да го прошират и продлабочат нивниот притисок за задоволување на локалните граѓански барања.
Овој повик е наменет за локални новинари кои, откако ќе бидат избрани, ќе бидат вклучени во работни листи на новинари на Локал Актив Исток и на Локал Актив Вардар, од кои потоа ќе можат:
- да бидат регрутирани да работат на продукција на сториите и вестите за платформите Локал Актив Исток и Локал Актив Вардар,
- да учествуваат на обуки за членови на медиумите на заедницата предвидени со проектот,
- да бидат ангажирани од локални граѓански организации во рамки на шема на суб-грантирање.
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следниве документи:
- Писмо (меил) дека е заинтересиран(а) да ја врши услугата
- Биографија (со избор од 10 репрезентативни текстови на теми од регионот од каде доаѓа)
- Доказ дека е граѓанин/граѓанка на РСМ (копија од пасош)
Понудата треба да се достави во електронски формат на следната мејл-адреса: office@resis.mk или slagjan.penev@resis.mk, најдоцна до понеделник 25 август 2025, 24:00h.
Документите поврзани со овој повик можат да се симнат на следниот линк:
