Институтот РЕСИС од Скопје објавува Јавен повик за доделување мали грантови со кои треба да се спроведат застапувачки активности од важност за локалните заедници. Грантовите активности треба да бидат поврзани со спроведено новинарско истражување и произведена аналитичка сторија на еден од трите медиуми на задницата – Локал Актив Исток, Локал Актив Вардар и Локал Актив Пелагонија.
Јавниот повик се објавува како дел од проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман: Трансформирање на општествените барања во општествена акција“ што го спроведува Институтот РЕСИС, со финансиска поддршка од Европската унија. Со проектот се поттикнува учеството на локалните заедници во јавната сфера, преку соработка меѓу локални граѓански организации и локални новинари, кои ќе се ангажираат во медиумите на заедницата од иницијативата Локал Актив.
Во рамки на проектот се алоцирани вкупно 39.000 евра за поддршка на локални иницијативи за застапување што ќе ги спроведуваат граѓански организации кои работат во Источниот, Југоисточниот, Вардарскиот и Пелагонискиот регион. Времетраењето за реализација на активностите што ќе бидат покриени со овие иницијативи е најмалку 4, а најмногу 8 месеци, сметано од денот на потпишувањето на договорот.
Избраните проекти ќе добијат поддршка преку грантови во износ од 2.000 до 3.000 евра, во зависност од обемот и видот на предложените активности.
Апликантите треба да ги испратат пополнетиот формулар (Анекс 2) преку електронска пошта office@resis.mk, со назнака „Јавен повик за застапување за Локал Актив“.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 15-ти август 2025 година.
Повеќе информации за повикот може да најдете во упатството за аплицирање.
Ве молиме прашањата поврзани со повикот да ги испратите на office@resis.mk најдоцна до 25-ти јули 2025 г. Одговорите на сите прашања ќе бидат објавени на Веб страната на Институтот РЕСИС https://www.resis.mk/localactive на 1-ви август 2025 година.
*Проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“ е поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС.
