Стариот мост кај Башино Село ќе биде целосно пуштен во употреба кон крајот на јуни

Мостот кај Башино Село пред западниот влез во Велес, кој од почетокот на јануари беше целосно затворен, а од февруари функционираше со привремено решение со семафор, ќе биде целосно пуштен во употреба во последната недела од јуни.

Мостот беше затворен на 3 јануари годинава поради утврдена нестабилност и ризик по безбедноста.

Оштетувањата на конструкцијата се резултат на продор на води од реката Вардар во горните слоеви на столбовите и гредите, што довело до нивна ерозија и загрозување на стабилноста на мостот. Дотраениот мост бил изграден пред 50-на години, од армијата, како времен мост

На теренот изврши увид директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, и деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Марковски. Потврдено е дека долниот дел на постојниот мост ќе биде целосно реконструиран во текот на следниот месец.

ЈПДП распиша тендер и за проектирање на нов мост кој ќе биде направен паралелно со сегашниот мост, со надеж дека до крај на месец јуни ќе го објавиме тендерот за изградба на мостот, кој би траел 60-тина дена, и очекуваме, ако биде сè во најдобар ред, некаде септември да избереме изведувач и да почнеме со градба на новиот мост, со кој трајно ќе се реши проблемот на Општина Велес“, рече директорот Коце Трајановски.

О.К.

 

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE