Недостасуваат младински совети и стратегии, младински центри и канцеларии

Согласно Законот за младинско учество и младински политики , сите општини во Северна Македонија се обврзани да формираат локални младински совети и да донесат локална младинска стратегија.

Сепак, имплементацијата е бавна и само 34 општини или 42% од општините успешно формирале локални младински совети, кои се клучен механизам за младинско учество на локално ниво. 18 општини или 22% од општините имаат усвоено локални младински стратегии, што покажува дека претворањето на политиките во конкретни планови за вклучување на младите останува предизвик за општините.

Согласно законот, секоја општина треба да има и Канцеларија за млади и Младински центар.

Само 18 општини имаат формирано канцеларии за млади, што претставува 22% од општините. Додека во 16 општини има младински центар. Сепак, реалната слика е дека само 10 од овие центри се функционални и тоа во општините Центар, Куманово, Пробиштип, Штип, Велес, Кавадарци, Охрид, Битола, Липково и Гостивар.

Ова, меѓу другото, беше кажано на настан деновиве во Кавадарци, во рамките на европски проект за млади „Академија за младински политики, вклучи се, поврзи се, поттикни“.

На средбата беше кажано дека станува збор за двегодишен Еразмус проект, спроведуван од конзорциум од седум организации, координиран од белгиска организација, а Еко живот од Кавадарци е еден од партнерите во проектните активности.

Р.Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE