Библиотекарско здружение на Македонија ја прогласи Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес за библиотека на годината.
„Гоце Делчев“ – Велес е добитник на признанието „Библиотека на годината“ за 2024 година, во категоријата јавни библиотеки.
Ова престижно признание претставува признание за посветената работа на библиотеката, нејзините континуирани активности, културни програми и постојаната грижа за развој на читачките навики кај сите генерации.
Во рамките на доделувањето признанија во други категории, признанието за најдобра библиотека во категоријата високошколски библиотеки ѝ беше доделено на библиотеката Макс ван дер Штул при Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Во категоријата библиотеки при основни училишта, највисокото признание го доби библиотеката при ОУ „Никола Карев“ од Кочани.
Свеченото доделување на признанијата ќе се одржи на 15 мај 2024 година во Хотел Глориус во Велес, за време на официјалното отворање на 5. Меѓународна конференција на библиотекари.
О.К.