Search
Close this search box.

Светиниколските пожарникари ќе добијат награда по 20.000 денари за деноноќното гаснење на шумските пожари

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Свети Николе, кои беа директно и активно ангажирани на пожарите што се случија  во текот на јули и август во Македонија, ќе добијат финансиска нето награда од по 20.000 денари.  Дополнително ќе им бидат уплатени по 2.222 денари за персонален данок.

Пожар во Општина Свети Николе

Парите се одобрени од Советот на општина Свети Николе и треба да бидат исплатени од буџетот на Општина Свети Николе од програмата Противпожарна заштита во вкупни средства во висина од 385.556 денари.  

Бранот пожари што се случи во летниот период ширум земјата беше е еден од најсилните во историјата.  Во пожарите што ја зафатија територијата на општина Свети Николе гореа околу 150 квадратни километри шуми и пасишта – поконкретно во нив изгореа куќи, викендици, помошни објекти, земјоделска механизација, добиток, нискостеблеста вегетација, земјоделски култури, борова шума, листопадна шума и стрништа.

Во пожарите беа опфатени селата Орел, Малино, Долно и Горно Ѓуѓанци, Строиманци, Немањици, Ранчинци, Патетино, Макреш и Ерџелија и во нив немаше човечки жртви, ниту посериозни повреди на луѓе од огнената стихија.

Во гаснење на пожарите освен пожарникарите од ТППЕ Свети Николе учествуваа и пожарникари од неколку општини, доброволни противпожарни друштва, ловни друштва, државни институции, беа ангажирани домашни и странски воздухоплови, локални и регионални приватни компании со своите капацитети, и цивили со сопствена механизација и возила.

Р.П.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE