Во духот на Розев Октомври во Свети Николе се одржа розева прошетка, посветена на подигање на свеста за превенција и борба против ракот на дојка. Денот беше исполнет со позитивна енергија, поддршка и инспиративни зборови за храброста и силата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Преку заедничка прошетка, разговори и симболични активности, присутните ја испратија пораката дека раната дијагноза спасува животи и дека ниту една жена не треба да биде сама во својата борба.

„Розевата прошетка покажа дека кога се обединуваме со љубов, разбирање и поддршка — правиме чекор напред кон посилна и посвесна заедница. Денес чекоиме за сите жени, за оние кои се борат, за оние кои победиле, но и за оние кои засекогаш ќе останат во нашите срца“, велат од Организација на Жени на Општина Свети Николе.

Веќе неколку години по ред настанот се организира заеднички од Општина Свети Николе и Организацијата на жени на општина Свети Николе (ОЖОСВН).  Оваа година се реализира со финансиска поддршка од Општина Свети Николе, а со поддршка и учество на ОЖОСВН, Извиднички одред Гоце Делчев и Црвен крст Свети Николе.

Ракот на дојка не е само болест, тоа е борба со стравот, неизвесноста, болката, но и со надежта.

„Секоја жена која се соочила со оваа дијагноза е пример за храброст.Таа емајка, ќерка, сестра, пријателка и во секоја има нешто што светот треба да го види, а тоа е непокорен дух. Денес носиме розево, како симбол на подршка, љубов и солидарност, затоа што ниедна жена не смее да поминува сама низ оваа борба. Превенцијата спасува животи. Една контрола, еден преглед може да направи разлика меѓу страв и надеж, помеѓу губење и живот. Да зборуваме гласно, да се потсетуваме една со друга, да се грижиме за себе и за оние кои ги сакаме“, велат организаторите.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE