Search
Close this search box.

Решавање на проблемот на субвенционираниот јавен превоз до руралните места во светиниколско

Опис на проблемот​

Жителите на руралните средини од општина Свети Николе се соочуваат со можен проблем поради тоа што договорот за општинскиот линиски превоз до руралните средини завршува до крајот на септември 2024 година. Поконкретно, во октомври 2024 г. завршува договорот за финансиско субвенционирање со средства од Општина Свети Николе на сегашниот лиценциран превозник за локален општински линиски превоз на патници. Овој модел за прв пат беше воведен пред пет години по иницијатива на невладината организација – Граѓанска иницијатива на жени. Со овој модел, цели 5 години се вршеше јавен  превоз од и до седум поголеми села околу Општина Свети Николе, и тоа: Мустафино, Ерџелија, Кадрифаково, Амзабегово, Црнилиште, Пеширово и Горобинци, и тоа два пати неделно, во среда и во сабота. Доколку се прекине субвинционирањето на јавниот превоз или до колку на следниот јавен повик не се јави ниту еден заинтересиран јавен превозник, овие жители нема да можат редовно да патуваат до Свети николе и назад, до своите места.   

Локал Актив Вардар, во сторијата објавена во април 2024 година, веќе информираше детално за тоа од колкаво значење е ова прашање за животот на жителите во светиниколско, како и за  потребата од навремено преземање активности од страна на надлежните органи на локалната самоуправа, и за лобирање кај локалните превозници да покажат разбирање за потребите на жителите од руралните средини и  да се пријават на јавниот повик за вршење на јавен превоз. 

Барања

#Бараме од надлежните органи на локалната самоуправа – Општина Свети Николе, да преземе навремени активности со цел да продолжи субвенционирањето на јавниот превоз за досегашните седум села, а во следното субвенционирање да се вклучи и селото Сопот.

#Бараме од локалните превозници кои вршат општински линиски превоз, да покажат разбирање за потребите на селаните од руралните средини и да се пријават на огласот за вршење линиски превоз до руралните средини.   

#Бараме од  досегашниот јавен превозник “Циле транс”, да стори се што е во неговите можности да не прекинува со превозот, додека не заврши новиот јавен оглас за продолжување на превозот.   

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив Вардар, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Организацијата на жени од Свети Николе.    

Реализирани активности

  • Во текот на август и септември 2024 г. беа одржани состаноци со со градоначалникот и секретарот на Општина Свети Николе, како и со Раководителот на Одделението за финансиски прашања со цел да се изнајдат средства за субвенционирањето на јавниот превоз и да се подготви новиот јавен повик. 
  • Во текот на август и септември беа одржани неколку средби со  превозници, на кои се разговараше за потребата од продолжување и проширување на јавниот превоз, од аспект на исплатливоста на оваа услуга што би ја обезбедувал приватниот превозник.  
  • На 23 септември, по завршените подготовки, Општината Свети Николе го објави јавниот повик за субвенционирање на превозници кои би обезбедувале јавен превоз до осумте населени места во подрачјето на оваа општина.
  • На 1 октомври беше одржан состанок со членовите на Комисијата за разгледување на предлог-тарифниците за вршење јавен превоз, по што следуваше и седница на Советот на Општината на која се донесе одлука за прифаќање на предложените цени за субвенционирање на јавниот превоз.
  • Во ноември 2024 г. Општина Свети Николе донесе одлука да продолжи да го субвенционира јавниот превоз меѓу градот и неколкуте околни села, вклучувајќи го овој пат и светиниколското село Сопот. Беше склучен договор со локалното транспортно претпријатие „Циле Транс“, за превозни услуги за граѓаните од овие села во следните пет години.

    Локал Актив Вардар
    ќе го следи и натаму спроведувањето на барањата до институциите во врска со проблемите со кои се соочуваат жителите на светиниколско и, пошироко, на Вардарскиот регион.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE