Search
Close this search box.

Подобрување на пристапот до здравствени услуги на граѓаните од руралните средини

Опис на проблемот​

Граѓаните од руралните средини во велешко се соочуваат со сериозни пречки во пристапот до здравствени услуги. За ова Локал Актив Вардар пишуваше во сторијата објавена во септември 2024 година. Со цел да се подобри квалитетот на живот на населението од овие места, односно да се обезбедат услови за задржување на жителите и да се спречи  миграцијата во градовите и во развиените земји, неопходно е да се обезбедат сите потребни основни услуги, вклучително и здравствените услуги, преку рурални амбуланти. 

Руралните лекари се од исклучителна важност за животот на сите жители, особено во летниот период кога луѓето во Чашка се занимаваат со земјоделска работа, обработка на земјоделските површини и собирање на шумски плодови, кога се случуваат различни видови повреди, вклучително и каснувања од змии.   Во минатото работеле рурални лекари во Извор, Богомила, Мелница, Лисиче и Горно Врановци. Меѓутоа, денес во ова подрачје функцонираат само три приватни амбуланти и тоа, две во Горно Јаболчиште и една во Чашка. Згора на тоа, тројцата лекари во овие амбуланти работат само во прва смена.    Големата оддалеченост од Град Велес, недоволниот број лекарски екипи на Брзата помош во Велес, која ја опслужува и Општина Чашка, исто така го отежнува навременото и безбедно пружање на здравствени услуги на жителите од општина Чашка, а особено на прва помош која е некогаш клучна за спасување на нечиј живот.

Барања

#Бараме од Министерството за здравство да преземе конкретни мерки за подобрување на пристапот до здравствени услуги на граѓаните од руралните средини: 
– Промена на законската регулатива со цел да се стимулираат матичните доктори да отвараат ординации во руралните средини;
– Измени во подзаконскиот акт за матични лекари, според кој еден матичен лекар треба да има 500 пациенти, што е особено проблем во населените места со помал број жители;
– Измени во регулативата со цел да се поттикне интересот на лекарите за работа во руралните населени места.

#Бараме од Фондот за здравствено осигурување да се заложи за измени во подзаконските акти за работа во рурални средини, со цел да се олесни пристапот до здравствени услуги во Општина Чашка и во другите рурални општини.

#Бараме од Здружението на приватни лекари да се вклучи во иницијативата и со свои стручни препораки и предлози да се заложи кај Министерството за здравство за надминување на овој горлив проблем.

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив Вардар, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Организацијата на жени од Велес

Реализирани активности

  • Упатени се писмени барања до Министерството за здравство и до Фондот за здравствено осигурување со кои се бара од овие институции да преземат конкретни мерки за решавање на овој проблем. 
  • Упатено е писмено барање и до Здружението на приватни лекари да се вклучи во иницијативата со свои стручни предлози и препораки.


    Локал Актив Вардар
     го следи и натаму спроведувањето на барањата до институциите и ќе презема нови активности за решавање на овој проблем.    

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE