Неготинското село Долни Дисан и натаму со недоволно вода за пиење

Жители на неготинското село Долни Дисан и натаму  се жалат дека имаат проблем со дотокот на водата за пиење.

„Во периодот што следува вода ќе имаме од 6 до 10 часот наутро и од 18 до 22 навечер. Молиме за рационално користење на водата“, се вели во известувањето од месната заедница, упатено до водокорисниците, преку Фејсбук страницата посветена на селото. 

Жителите на селото реагираа поради проблемите со немање вода за пиење, уште пред некое време. Тогаш претставник на месната заедница, за Локал Актив Вардар појасни дека проблемот е во тоа што пумпата, на едно од двете места од кои селото се снабдува со вода, не повлекувала вода. Но, пумпата била купена со гаранција и гаранцијата не ѝ била истечена, па очекуваа решавање на проблемот во најскоро време. Сега, тој информираше дека пумпата за вода што беше расипана и беше под гаранција, ќе биде заменета со нова. Во моментов се користи пумпа што им била дадена на услуга од неготински Комуналец. Кога ќе стигнела новата пумпа, ќе им била златна резерва за во иднина. 

Но, освен со недоволно вода за пиење, селото се соочува и со злоупотреби од страна на неодговорни водокорисници. Има неплаќање на сметки, диви приклучоци за вода, пуштање на водата да ги наводнува бавчите и да тече по дворови. 

Според жителите со кои разговаравме и тогаш и сега, проблемот мора да се надмине брзо, бидејќи без вода за време на екстремно високи температури ќе се појават здравствени проблеми кај локалното население.

Р. Л.

 

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE