На територијата на општините Велес, Чашка и Градско има најмногу пријавени производители на органско производство на ниво на Македонија.
Во трите општини кои се дел од поширокиот велешки регион, 80 индивидуални земјоделци имаат сертификати за органско производство, од нив 70 сертификати се за производство на производи од животинско потекло, а 10 сертификати добија земјоделци кои ќе произведуваат асортиман од растително потекло.
Најголемиот дел од органските производители се од областа на сточарството, потоа на житните култури. Од вкупно 80 сертификати, 60 се за одгледување на овци и производи од млеко, 10 сертификати се за одгледување на говеда и 10 сертификати за одгледување на житни култури.
После подрачната единица Велес во која се Велес, Чашка и Градско, единици со најмногу пријавено органско производство се Штип и Прилеп.
Р. Л.