Search
Close this search box.

Кавадарци се стреми кон едно-сменско образование

Кавадарци се стреми кон едно-сменско образование, рече кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на денешната седница на Советот на Општината, откако беа усвоени извештаите за работа на речиси сите училишта, програмите за работа програмите за ученички излети и функционирање на кавадаречките училишта. Тој рече дека еден од најважните сегменти е основното и средното образование. 

„Станува збор, за четири основни училишта. Нема да отстапам од замислата од следниот први септември, во сите училишта да се оди само во прва смена. Со  тоа мислам дека ќе се подобри и квалитетот на наставата и концентрацијата на учениците“, рече градоначалникот.

Тој додаде и дека се планира во сите основни училишта да има продолжен престој бидејќи, како што рече „со опаѓањето на бројот на учениците може да ни се јави суфицит се јави суфицит на наставници и за тие наставници ние мораме да најдеме соодветен начин, за да ги вклопиме во наставата“.

На претставниците на училиштата, тој им посочи дека имаат обврска заедно со раководителот за  секторот за образование од Општина Кавадарци, Јасминка Чулева, за десетина дена да дадат комплетен план за доградба на училници.

Притоа се осврна на трите цели, едно-сменско работење, реорганизација на теренот и потребите за училниците.

С.Д.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE