Search
Close this search box.

Кавадарци донесе нова програма за третман на бездомни животни – нејзиниот успех зависи од тоа дали ќе почне да работи регионалното прифатилиште за животни

Советот на општина Кавадарци ја усвои Програмата за хуман третман и благосостојба на бездомните животни во градското подрачје. Во програмата се вели дека поради порастот на популацијата, за најбрз загарантиран ефект ќе се направи план за масовен хуман третман на бездомните кучиња во рамките на општината, во период од 6-12 месеци.

,,Се предвидува дека со 75% стерилизирани/кастрирани единки, процентот на напредок на популацијата станува 0%, по што бројот на кучиња природно почнува да опаѓа. Во 2024 година Општина Кавадарци спроведе проценка на популацијата на кучињата во рамките на општината согласно Законот и подзаконските акти од областа на благосостојбата на животните како и по препораките на Светската организација за здравје на животни (WOAH) и по методологија предложена од Меѓународната коалиција за управување со животни (ІСАМ), се појаснува во програмата.  

Според проценката, во општина Кавадарци живеат вкупно околу 538 улични кучиња, а во Вардарскиот регион се претпоставува дека има околу две илјади бездомни кучиња. Успехот на Програмата се поткрепува и врз тоа дека најскоро можно ќе проработи регионалниот центар за хуман третман на бездомни животни за деветте општини од Вардарскиот регион.

Центарот траба да работи по налози од Општина Кавадарци, како и според приоритетни пријави од граѓани кои биле нападнати од бездомни кучиња и секако според пријави на  Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во новата програма се вели дека се предвидува да се делува со сите расположливи ресурси во рамките на општината. Приоритет и цел на стерилизација треба да бидат се репродуктивно способните женки.

Престојот на кучињата во прифатилиштето кои ќе подлежат на хуман третман нема да биде подолг од 30 дена. Заловувањето на кучиња треба да биде направено во рамките на Општина Кавадарци, Примарно ќе се таргетираат места со поголем ризик кои ќе имаат приоритет во делувањето. Паркови, болници, гробишта, шеталиште, плоштади.

С.Д.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE