Зaканa од инвазивен и токсичен плевел Solanum elaeagnifolium

Опис на проблемот​

Во Вардарскиот регион, особено во Тиквешијата, се шири инвазивниот и токсичен плевел Solanum elaeagnifolium, познат како  Сребренолисен зрнец. Овој вид растение веќе е присутен на неколку жаришта во Неготино и Кавадарци, најчесто покрај транспортните коридори и претставува сериозна еколошка и економска закана за локалната заедница.   Како што алармираше Здружението Ековита во сторијата објавена на медиумот на заедницата Локал Актив Вардар, сребренолисниот зрнец: ги потиснува автохтоните растенија и доведува до деградација на пасиштата и обработливото земјиште,отровна е за добитокот и може да предизвика труења и смртни случаи,се шири со голема брзина поради својот подземен ризомен систем и висока отпорност на суша,ја нарушува биодиверзитетната рамнотежа и ја зголемува потребата од користење хербициди,ја влошува економската состојба на земјоделците и сточарите во регионот. И покрај постоењето Национална стратегија за биолошка разновидност, досега не се преземени конкретни институци-онални мерки за следење, спречување и сузбивање на ширењето на овој инвазивен вид на локално ниво.  

Барања

#Бараме Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да се воспостави систем за рано откривање и мапирање на жариштата на Solanum elaeagnifolium на целата територија на државата. Здружението Ековита има мапа за  општините Неготино и Кавадарци, но проблемот е посериозен бидејќи е потврдена појавата на овој плевел и во Гевгелија, Струмица и Велес. 

#Бараме од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ): активно да се вклучат во разработка на протоколи за справување со инвазивниот плевел.да иницираат спроведување јавна едукација за земјоделци, сточари и ученици за ризиците и мерките за сузбивање на ова инвазивно растение. Итноста на акцијата е поради периодот на формирање на плодови на плевелот со што ја усложнува состојбата. 

#Бараме од МЖСПП и МЗШВ да обезбедат финансиска и техничка поддршка за теренски интервенции. Бараме од општините Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Велес и Штип, за локациите на коишто ќе се појават жаришта од инвазивниот плевел, да предвидат локални мерки и да издвојат средства во општинските буџети за механичко и хемиско отстранување на плевелот во откриените жаришта.

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив Вардар, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението Ековита од Неготино.

Реализирани активности

  • По упатениот апел до граѓаните, во август 2025 г., Здружението Ековита спроведе мониторинг во штипското подрачје, на четири жаришта зафатени со отровниот плевел Solanum elaeagnifolium. Со поддршка од граѓаните кои се одзваа на апелот, особено од Дарко Маџунаров, беше утврдено дека некои површини се сериозно зафатени, а најголемото жариште беше лоцирано кај селото Караорман.
  • На 22 август беше спроведена акција за искоренување на плевелот, близу постојката кај Кит-Го, од двете страни на улицата. Кај ресторанот Прецис,  Плевелот беше раширен на поголема површина и на тешко пристапен терен. Во Караорман состојбата е особено загрижувачка – поради длабокиот и разгранет коренов систем, и покрај корнењето растението брзо се обновува. Во житните парцели, поголемиот дел од плевелот е ожнеан, исушен, балиран и складиран заедно со сламата, што носи ризик од труења на животните во зима, ако контаминираната слама се користи како храна или постилка.
  • На 12 септември 2025 г. е упатена Информација до Министерството за животна средина и просторно планирање со барање за координирана акција на институциите и најава за заеднички состанок со ЈП Пасишта.

    Локал Актив Вардар ќе продолжи и натаму активно да го следи спроведувањето на барањата и иницијативите до институциите.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE