Search
Close this search box.

Езерото Младост крај Велес почна да белее и да мириса на амонијак додека чека спас од надлежните

Крајбрежјето на загаденото велешко езеро „Младост“ од вчера ја смени бојата, почна да белее и мириса на амонијак. Бела пивтиеста маса се прошири долж езерското крајбрежје од почетокот на страната на патот кој води кон хотелите и викенд населбата.

Двајцата членови на Совет на Општина Велес, Димитар Абрашев и Игор Смилев, откако добиле информации од граѓани излегле на лице место и тоа што го виделе го пријавиле на Државната инспекторка за заштита на животна средина, Билјана Шуркова Манаскова. Инспекторката рече дека за најкраток временски период ќе излезе во инспекција и надзор.

Според Абрашев и Смилев  ќе се иницира постапка во Општина Велес за ново испитување на земените мостри од водата и во охридскиот Хидробиолошки Завод, како што рекоа, затоа што веруваат на неговите резултати.

За промената бил информиран Државниот еколошки инспектор кој веднаш излегол терен за да ја констатира состојбата. Засега молк од сите останати. Без реакција од Градоначалникот Колев, Министерот за Животна средина Меџити и од Премиерот Мицкоски.

„Езерото Младост пропаѓа поради несоодветната урбанизација во околината, а во текот на вчерашниот ден општинското мнозинство во велешкиот совет изгласаа продажба на нови две државни парцели во непосредна близина на езерото!“, истакна Смилев.

Водата од езеро Младост, крај Велес е времено забранета бидејќи во неа се пронајдени цијано-бактерии, а Општина Велес после неколку месеци одолговлекување со советниците конечно побара помош од државата за да се реши проблемот со загадувањето со фекалии.

По последниот извештај за квалитетот на водата кој го изготвил Хидробиолошкиот Завод Охрид според кој водата во акумулацијата Младост крај Велес е ризична за здравјето на пливачите и за опстанокот на живиот свет.

О.К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE