Жители на неготинското село Долни Дисан велат дека имаат проблем со дотокот на водата за пиење. Тврдат дека институциите од кои барале информација за причините поради кои од чешмите поврзани со водоводната мрежа не тече вода – не им даваат информации.
Според реакциите, честопати вода во чешмите нема со денови, а често таа тече по два три часа дневно.
Претставник на месната заедница, за Локал Актив Вардар појасни дека проблемот е во тоа што пумпата, на едно од двете места од кои селото се снабдува со вода, не повлекува вода. Но, пумпата била купена со гаранција и гаранцијата не ѝ била истечена, па очекуваат решавање на проблемот во најскоро време.
Според жителите со кои разговаравме проблемот мора да се надмине брзо, без вода, за време на екстремно високи температури ќе се појавата здравствени проблеми кај локалното население.
Од Општина Неготино, за Локал Актив Вардар рекоа дека не знаат за проблемот, но и дека ќе го проверат случајот.
Р.Л.