Општина Неготино се подготвува за реализацијата на големата еколошка акција „Генералка викенд“, која ќе се спроведе на повеќе локации на територијата на општината во периодот од 9-ти мај (петок) до 11-ти мај (недела).
Покрај вработените во Oпштина Неготино, ЈП Комуналец, основните и средното училиште и други институции и установи кои досега имаат пројавено интерес за учество во истата и давање сопствен придонес за здрава и чиста животна средина, се очекува да се вклучат и заинтересирани поединци, граѓани, здруженија, спортски клубови, друштва и други да бидат дел од оваа голема еколошка акција.
Предвидено е расчистување на десеттина локации на територијата на oпштината.
О.К.