Во Кавадарци се одржа обука за застапување за локални медиуми и граѓански организации

На 21 октомври 2025 година во хотел „Фени“ во Кавадарци се одржа еднодневна обука на тема „Застапување и користење на податоци за промени во заедницата“, во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Институтот РЕСИС.

На обуката водена од Герман Филков, експерт за транспарентност, отчетност и антикорупциски политики, преку интерактивни сесии и практична работа, учесниците се запознаа со основите на планирање и спроведување на застапувачки иницијативи, дефинирање цели и пораки, мапирање засегнати страни и избор на ефективни комуникациски алатки. Посебен акцент беше ставен на користењето на податоци и релевантни извори на информации за креирање аргументирани и веродостојни иницијативи, како и на подготовката на документи за застапување, меѓу кои иницијативи до институции, препораки за јавни политики и policy brief документи.

Учесниците работеа во групи на развој на конкретни идеи за локални иницијативи од областа на јавните услуги, животната средина, транспарентноста и младинските прашања, со што обуката овозможи и практична примена на наученото, како и размена на искуства меѓу различни локални чинители.

Проектот „Медиуми на заедницата за граѓански ангажман“ има за цел да ги зајакне локалните медиуми како платформи за јавен дијалог и вклучување на граѓаните во општествените процеси.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE