Во Кавадарци се одржа едукативен настан за предизвиците на лицата со попречености

Во Кавадарци се одржа едукативен настан наменет за запознавање на медицинскиот персонал со Протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост во рамки на проектот „Да се соочиме со предизвиците и стигматизацијата”.

„Во рамки на овој проект отпочнавме дебата во Вардарскиот плански регион, но и во целото наше општество, каде ги соочуваме проблемите и предизвиците на лицата со попреченост од една страна, со медицинската фела, социјалните работници и други општествени чинители од друга страна, особено во процесот на прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските установи и други институционални установи во нашето општество“, рекоа организаторите на настанот – организациите Еко-живот од Кавадарци, Порака од Неготино и Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес .

Станува збор за трета по ред едукативна сесија во рамки на овој проект, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија во рамки на програмата Цивика Мобилитас.

„Во нашето општество веќе ги отворивме темите кои за некои граѓани и институции се едно големо табу, но за значен број наши сограѓани и организации се вистински предизвик да се справат со проблемите и пречките на животниот пат во секојдневието на своето работење и живеење“, подвлекоа организаторите на настанот.

Притоа потсетија дека беше спроведена и анкета и резултатите од истата биле претставени пред лицата кои учествуваке на изминатите шест тркалезни маси од трите општини – Неготино, Кавадарци и Велес. Меѓу нив и претставници од медицинските установи, локалните институции, организации, самите лица со хендикеп, нивни старатели и други чинители кои се во блиска релација со проблемите и можните решенија за лицата со попреченост во целина.

Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE