Search
Close this search box.

Водата во Велешкото езеро, повторно ќе ја испитува Хидробиолошки завод од Охрид

Државниот инспектор за животна средина, Билјана Шуркова Манаскова изврши увид на езерото „Младост“ крај Велес и ја констатираше состојбата со белата пенлива густа маса од која се шири мирис на амонијак на крајбрежниот појас.

Претставник на Државниот инспекторат изјави дека направиле увид на состојбата за што било известено и државното јавно претпријатие „Лисиче“ кое земало примероци од водата и ги испратило на испитување во Хидробиолошки завод Охрид, а резултатите се очекуваат оваа недела.

Тоа е едно од двете претпријатија, кои се задолжени за обезбедување на квалитетот на езерската вода на „Младост“.

Водата од езеро „Младост“, крај Велес е времено забранета за користење за каква било употреба, бидејќи во неа се најдени цијано-бактерии, а Општина Велес после неколку месеци развлекување, со советниците конечно побара помош од државата за да се реши проблемот со загадувањето со фекалии.

По последниот извештај за квалитетот на водата кој го изготви Хидробиолошкиот Завод Охрид – според кој водата во акумулацијата „Младост“ крај Велес е ризична за здравјето на пливачите и за опстанокот на живиот свет, има лош квалитет и параметри кои се над дозволената граница – општината упати писмо до Владата во кое бараше финансиска помош за спас на езерото.

О.К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE