Search
Close this search box.

Сообраќаен експерт тврди дека коридорот 10 е возможен единствено со меѓународна поддршка

„Ако има странска поддршка  и финансии, и се инсистира дека тоа мора да се реализира, верувам дека ќе се изгради брза пруга до Солун – иако можеби ќе има доцнење поради недостаток од финансиски средства. Ако се потпреме само на сопствените можности – до реализација нема да дојде, оти ќе недостасуваат  многу работи.

Ова го вели професорката од Универзитетот во Битола Верица Данчевска, која експерт по сообраќајно инженерство, според која, очекувано е да се појават проблеми со експропријацијата на земјиште долж трасата.

Фотографија од приватна архива

Таа нагласи дека железничката инфраструктура е запоставена низ годините, иако таа е исклучително важна за развојот на земјата.

Историскиот развој на македонската железница започнал со изградба на првата железничка пруга на македонска територија, во време на Османлиската држава, во 1873 година. Тогаш свечено бил пречекан првиот воз што пристигнал од Солун. Во тоа време тоа било најмодерно сообраќајни средство.

Во 1888 година, била воспоставена врска меѓу македонската железница и централната и западната железничка мрежа во Европа. Подоцна имало железничко поврзување на Солун и Битола, па Велес и Штип, како и Велес со Битола, а биле реализирани и други сообраќајни железнички врски. 

„Значи ние, пред 150 години сме имале подобра железница, отколку сега. Во денешно време, железничките линии во Македонија ни се слабо развиени со ниска брзина на движење на возовите и нивни дефекти“, истакна Данчевска. 

Транспортот како стопанска гранка, учествува со 9 до 11% во создавање на  бруто домашниот производ на државата, преку плаќање патарини, регистрации на моторни возила, технички прегледи на возила и останати приходи од сообраќајот и транспортот како економска гранка. 

Ова беше истакнато на тематски форум – Транспортни политики, улогата и влијанието на Трансферзала 10 за регионите низ кои поминува, јавност, улогата на цивилниот сектор и медиумите, Вардарски плански регион. 

С.Д.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE