Ревитализација на неготинското село Вешје и на заборавениот рудник на дијатомејска земја

Опис на проблемот​

Неготинското село Вешје, бисер на руралната Македонија, крие непроценливи природни и културни богатства, но останува во сенка поради клучниот проблем – недовршениот пат кој го изолира од останатиот свет. Наместо да биде магнет за туристи и истражувачи, оваа скриена рурална оаза станува место што посетителите го избегнуваат поради тешкиот и небезбеден пристап.   

Овој проблем, за кој Локал Актив Вардар детално пишуваше во сторијата објавена во октомври 2024 г., не само што ја оневозможува циркулацијата на посетители и инвеститори, туку и го нарушува секојдневието на локалното население, кое се соочува со ограничен пристап до основни услуги и можности за економски развој. Како дополнителен удар, дијатомејската земја – уникатен природен ресурс со огромен научен, едукативен и туристички потенцијал – останува непозната и заборавена.    Вешје заслужува да биде дестинација што инспирира и привлекува, но недовршениот пат го остава како „заборавено место“ во време кога автентичните рурални искуства стануваат сè побарани. Со решавање на овој инфраструктурен проблем, Вешје може да прерасне во центар за еко-туризам, културна промоција и локален развој, кој ќе го врати заслуженото внимание на ова неверојатно интересно село.

Барања

#Бараме од Општина Неготино да преземе мерки за завршување на изградбата на патот до село Вешје, кој ќе ја подобри пристапноста и ќе го зголеми бројот на посетители.

#Бараме од Општина Неготино да преземе обврска за редовно одржување на патот до Вешје по неговото завршување, со вклучување на средства за оваа цел во годишниот општински буџет.

#Бараме од Музеј Неготино да се поставуви уникатен музејски експонат од дијатомејската земја во музејот на Неготино, како симбол на природното богатство на Вешје и можност за промоција на селото како едукативен и туристички центар.  

Застапување за решавање на овој проблем

Во рамки на уредништвото на Локал Актив Вардар, граѓанска организација која изработи план на активности за застапување за да се поттикне решавањето на овој проблем е Здружението Ековита од Неготино.    

Реализирани активности

  • На почетокот на декември 2024 година беше одржана средба со градоначалникот на Општина Неготино, на која му беше презентиран Планот за застапување за село Вешје. Главниот фокус на состанокот беше завршувањето на патот до селото, како и интеграцијата на дијатомејската земја како уникатен експонат во музејот на град Неготино. За време на средбата, градоначалникот информираше дека овој проект ќе се вклучи во планот за инфраструктурни инвестиции за 2025 година. 
  • Во декември 2024 г. надлежните служби на Општина Неготино започна со изработка на планска документација за асфалтирање на патот Горни Дисан – село Вешје, во должина од околу 1,5 км. Во „Службен гласник на Општина Неготино“ бр. 25/2024, на страна 71, е наведена активноста: „57. Изградба на пат од село Долни Дисан до село Вешје.“ 
  • На Здружението Ековита во декември 2024 г. му беше одобрен проектот „Потенцијал за рурален екотуризам преку промоција и зачувување на дијатоми и фосили (DREFUL)“ од Централна Европска Иницијатива (ЦЕИ). Во рамки на проект во мај 2025 г. се планира да се одржи меѓународна научна конференција, посветена на руралниот екотуризам, со посебен акцент на промоција и заштита на дијатомеите и фосилите. 

Локал Актив Вардар ќе продолжи и натаму активно да го следи спроведувањето на барањата и иницијативите до институциите.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE