Општина Неготино најавува дека улицата во Доморовско маало ќе се уредува за еден до два месеци

Улицата во Доморовско маало ќе се уредува преку проект од Владата со средства од унгарскиот кредит. Според најавите, се очекува работите да започнат за 1 до 2 месеци од денес. Вака одговорија од Општина Неготино за Локал Актив Вардар, откако деновиве жителите по којзнае кој пат реагираа дека нивниот проблем не е решен, иако на неколку пати им била кажано дека ќе се надмине. 

Жителите на Доморовско маало, во неготинското село Долни Дисан, за чиј проблем со калливите улици претходно известуваше Локал Актив Вардар, ќе почекаат уште некое време за асфалтирање улица.

Револтираните повторно реагираат дека им е тешко на возрасните, но и на децата да се движат по кал во 21 век, а проблематичен бил и пристапот за итна медицинска помош. Тие пoвторуваат дека е ова долгогодишен проблем и очекуваат негово решавање.

Р.Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE