Започна акција за отстранување на хаварисани возила од јавните површини во Велес

Со цел создавање на почиста и поурбана животна средина, Општина Велес ја започна акцијата за отстранување на хаварисани, приклучни возила и земјоделски машини оставени на јавни површини низ градот.

Овој потег е дел од пошироката иницијатива „Чист град 2025!“, која има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните и да ја врати урбаната естетика на улиците и маалата.

Првата фаза од акцијата „Чист град 2025!“е од превентивен карактер, односно се предупредуваат сопствениците, во определен рок, да ги отстранат своите возила. Во текот на вчерашниот ден службите на Општина Велес во соработка со МВР – СВР Велес залепија известувања на над 100 хаварисани возила во градот.

Општина Велес со апел до сите граѓани кои имаат оставени вакви возила на јавните површини, да ги отстранат, со што ќе придонесат за чист град и здрава животна средина.

Доколку не се отстранат, во втората фаза на акцијата, ќе се преземат репресивни мерки со изрекување на глоба од страна на Општина Велес и МВР – СВР Велес.

О.К.

 

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE