Два милиона денари ќе даде Кавадарци за во неколку села да не се плаќа за изнесување на отпадот 

Општина Кавадарци ќе издвои два милиона денари за во неколку села да не се плаќа за износ на отпад. Ваква одлука беше донесена денеска на 50 седница на Совет на Општината. На седницата беше кажано дека одлуката е донесена согласно на законите за локална самоуправа и за управување со отпад, како и статутот на Општината. 

Се работи за отпад од правни и физички лица,  за самостојни вршители на дејност како и правни лица кои се формирани како микро претпријатија согласно Законот за трговски друштва, во селата Бохула, Чемерско, Крњево, Горна Бошава, Долна Бошава, Бојанчиште, Конопиште, Куманичево,  Страгово, Мрежичко и месност викана „Мушов гроб“.  

Одлуката се однесува за следната година, а оваа година исто така во овие села беше субвенционирана оваа услуга, со цел да се постигне поголем рурален развој.  Во суштина, локалната самоуправа го субвенционира ЈП „Комуналец“ за да се покријат трошоците за  собирање и транспортирање на комунален отпад.  

Во одлуката се вели дека јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци секој месец доставува извештај за бројот на корисници на услугата како и за износот на средства кои ги побарува од буџетот на Општина Кавадарци.

Месечниот извештај претставува основа за исплата на побарување за услугата собирање и транспортирање на комунален отпад во отпад. 

О.К. 

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE