Фолклорниот ансамбл „Јанко Глигоров“ од Свети Николе го одржа својот годишен концерт, на кој учествуваа сите состави од најмладите членови до ветераните играорци. Тоа беше причина за големата посетеност кој ја наполни кино салата при Домот на културата „Крсте Мисирков“ од Свети Николе кој воедно е и организатор на концертот.
Детскиот фолклорен ансамбл почетници се претстави со едно право оро, малата група со „Топтан“ и „Шопка“, помладите членови се го изведоа ората „Два танца“ и „Малешевка“, средната група го играа орото „Водарки“, а со кореографираното оро „Копачија“ се претстави големата група. Додека ветераните од фолклорниот ансамбл го изведоа „Радовишки собор“.
На годинешниот концерт се претставија со играње на ора членовите на гостинскиот Ансамбл „Студио Фолклор“ од Скопје, а исто така имаа заеднички настап двата ансамбла со орото „Источно“.
Фолклорниот ансамбл работи во состав на Домот на културата од Свети Николе и на сцената опстојува повеќе од педесет години со негување на изворните ора и обичаи од овчеполието и други краеви од Македонија.
Во текот на своето постоење ансамблот покрај многубројните самостојни концерти, има учествувано и на многу фестивали како во нашата земја така и во странство, за кои сведочат многубројните дипломи и признанија.
Р.П.