Јавното претпријатие за водостопанство Лисиче – Велес кое стопанисува со езерото Младост потпиша договор со Министерство за животна средина преку кое ќе добие 4 милиони денари од Програмата за управување со водите за 2025 за санација на темелен испуст на браната Отовица и за сифонско решение.

Другите средства ќе ги добие со одлука на Влада преку Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во висина од 6 милиони денари преку Програмата за водостопанство за 2025 г. кои ќе се искористат во две фази.

Во првата фаза ќе се доделат еден милион денари за отстранување на наслагите од површината и по крајбрежниот појас на езерото, а во втората фаза пет милиони денари за техничко решение, геолошко истражување и ископ на бушотини за бунари покрај езерото преку кои ќе се врши дотур на свежа вода, за спас на велешко езеро Младост.

Директорот на ЈПВ Лисиче, Ване Маневски информира дека наскоро ќе се распишат јавните набавки за изведувачи на работите. Тој потенцира дека само дотурот на свежа вода и добивање на кислород во езерото ќе овозможи спас на езерото кое веќе две години изумира и на кое има забрана за секаков вид на употреба, рекреација, капење и наводнување.

Со 3 милиони денари од општинскиот буџет ќе се чисти коритото на Отовичка река, а работите ќе започнат од Отовичкиот залив. Локалната власт планира и дислокација на еден крак од колекторот за прочистување на отпадните води од околните куќи и објекти.

О. К.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE