Откако спасија повредено штркче, сега неготинските екологисти се грижат за изгубено бувче

Откако спасија повредено штркче, сега неготинските екологисти се грижат за изгубено младо бувче. 

Имено, своевремено, штркот Симо оздраве благодарение на екологистите од регионалниот еко центар Ековита. За него се грижеа сопружниците Маја и Сашко Тодорови, биолошки инженери, и нивната ќерка Кристина, земјоделски инженер.  Штркот беше згрижен по пад од гнездо во обид да го направи првиот лет во животот.


По неколку месеци хранење, рехабилитација и заздравување, штркот беше пуштен во природа. Сега истото го чека и младото бувче, кое по опоравувањето, ќе биде пуштено во неговиот свет. Неготинците што го пронашле изгубеното бувче се мислеле каде би можело да ја добие најдобрата рехабилитација и враќање во природата. Консултирале вештачка интелигенција, која им ги препорачала токму екологистите од Ековита.


Тодоров потврди дека имаат нов, пердувест член во здружението. „Привремено ќе се грижиме за него, два биолошки инженери континуирано ќе му ја мониторираат состојбата на здравјето. Храна, соодветни услови и безбедност има кај нас. Овде останува до периодот кога ќе биде подготвено за да се врати во природата,“ вели Тодоров.


Екологистите од Неготино се адреса на која се обраќаат голем број на луѓе, во врска со проблеми, идеи и барање на помош и поддршка.


Р. Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE