Од утре се забранува движење во излетничкото место „Бареш“ во Ѓуриште

Со воведувањето на целосната забрана за движење во сите шуми и на целото шумско земјиште, се забранува движење и престој во шумските излетнички места меѓу кои спаѓа и популарното излетничко место за светиниколчани – Бареш.

Бареш се наоѓа во ѓуришкиот дел од општина Свети Николе во кој жителите вообичаено се разладуваат во сенките на боровата шума и се дружат со приготвување скара.

Поради зголемена опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство по барање на ЈП Национални шуми воведе целосна забрана за движење во шумите и на шумско земјиште која ќе трае од 1-ви јули до 31-ви август 2025 година.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружницата на ЈП Национални шуми ПСШ „Шумарство“ за подрачјето на општините Свети Николе и Лозово, како што нѐ информираа за Локал Актив Вардар. Издавањето на одобрение ќе биде исклучително за итни и неодложни потреби за движење во шумите и на шумското земјиште.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра.

Р.П.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE