Водостопанство Тиквеш се заканува со сопирање на водата во село Виничани

На фејсбук страната на Водостопанство Тиквеш, подружница на АД Водостопанство вчера беше објавено предупредување до жителите на село Виничани „кои се осмелиле да ја спуштат вратата на каналот во Виничани и со тоа да предизвикат кинење на каналот и да ја загрозат безбедноста на жителите дека, ако уште еднаш се случи ваков немил настан, од безбедносен аспект,  ќе биде сопрено водоснабдувањето, а одговорноста за прекинот ќе биде на страна на жителите“.

Лица што потекнуваат од овој крај пак, замолуваат, како што велат, надлежните за овој дел од каналската мрежа да не шират дезинформации, оти никој не го скинал каналот. Според нив, токму надлежни за оваа каналска мрежа во април месец го ископале за да го реновираат и така го оставиле, а сега вината ја префрлувале на жителите на селото. Со почит и молба, тие бараат под итно да се реши проблемот и без закани дека ќе биде сопрена водата. Притоа бараат работите на терен да бидат доведени во првобитна состојба.

Р.Л.

Сподели

Facebook
Twitter
Pinterest
LinkedIn
Scroll to Top

УПАТСТВО ЗА ПРИСТАП ДО АУДИО ЧИТАЧ НА ВЕБ ПРЕЛИСТУВАЧОТ MICROSOFT EDGE